
За нас
Адвокатска канцеларија во Скопје, Македонија.
400+
20
Години искуство
Решени предмети
Со 20-годишно искуство и работење во корпоративната сфера и воспоставена успешна деловна комуникација и соработка со илјадници правни и физички лица, самостојната Адвокатска канцеларија Анита Пешова обезбедува Ваша сигурна правна заштита и консултации од областа на деловното, стопанското и корпоративното право, како сфери во кои ќе добиете професионално правно мислење.
Нашиот индивидуален пристап кој е прилагоден кон специфичните потреби и барања на секое физичко лице, на кое ќе му биде посветено соодветно време и внимание, во насока на успешно решавање на сите правни дилеми, проблеми и спорови со кои ќе се соочите во областа на семејните, наследните, должничко- доверителските односи, ќе Ви ја обезбеди потребната помош и административна поддршка во комуникацијата со сите државни и јавни органи и институции.
Тука сме да Ве заштитиме и да Ви дадеме правни насоки во кривичните и прекршочните постапки пред сите Обвинителства и судски инстанци, притоа почитувајќи ја Вашата приватност и обезбедувајќи Ви максимална дискреција и доверливост.
Доверете го Вашето работење и живеење во сигурни раце и одберете една од услугите кои Ви се потребни или контактирајте не со цел да Ви излеземе во пресрет и да Ви помогнеме полесно да ги надминете тешкотиите и ситуациите во кои Ви е потребен сигурен партнер кој ќе ги добие правните битки во Ваше име и ќе Ве придружува на патот кон успехот.
Граѓаните кои се во незавидна финансиска положба, можат да се обратат до Министерството за правда и неговите подрачни единици и да побараат да им се обезбеди правна помош или адвокат кој ќе биде платен со средства од Буџетот на Министерството.


Контакт
Aдреса
ул. Георги Димитров 11/1-4
нас. Кисела Вода, Скопје, Македонија
Контакт
+389 78 266 699
advokat@peshova.com
Powered by SUMMUS. All rights reserved.


